
Според последните промени во органите на управување на Сава пензиско друштво АД Скопје, Коста Ивановски, CFA е назначен за нов член на Управниот одбор. Тој е дел од Сава пензиско друштво а.д. Скопје од ноември 2011 година, како Управувач со портфолијата на пензиските фондови, а од декември 2016 година ја вршеше функцијата Директор на Секторот за инвестиции. Севкупно тој има повеќе од 16 години професионално работно искуство на глобалниот и локален пазар на капитал. Тој e Овластен финансиски аналитичар (Chartered financial analyst) и член на CFA Institute од Соединетите Американски Држави и Магистер по европска економија и меѓународни финансии на факултетот „Тор Вергата“ во Рим, Италија. Неговото работно искуство опфаќа сегменти на старателски услуги со хартии од вредност, инвестициско банкарство и управување со пензиски фондови.

