20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕдна островска земја е најголем странски носител на американскиот долг, надминувајќи ја...

Една островска земја е најголем странски носител на американскиот долг, надминувајќи ја Кина

Јапонија во јуни ја надмина Кина како најголем странски сопственик на американски државни хартии од вредност.

Јапонија од мај годинава додаде во портфолиото американски хартии од вредност од 21 милијарди долари, со што ја зголеми вкупната вредност на таа актива на највисоко ниво од октомври 2016 година.

Јапонија сега има американски државни хартии од вредност во износ од 1,12 илјади милијарди американски долари, а Кина 1,11 илјади милијарди долари, според податоците на Министерството за финансии на САД, пренесува CNBC.

Кина повеќе не е агресивен купувач на американскиот државен долг, а пазарните актери шпекулираат дека една од акциите кои Пекинг би можел да ги преземе во трговска војна со Вашингтон би можело да биде распродажба на американските државни обврзници.

Меѓутоа, трговците на берза велат дека нема знаци дека тоа се случува. Обединетото Кралство е трет најголем сопственик на американски долг со 342,3 милијарди американски долари во јуни, што е зголемување во однос на претходниот месец кога изнесувале 323,1 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП