Американскиот претседател, Доналд Трамп е заинтересиран за купување на Гренланд од Данска, објави The Wall Street Journal.
Трамп ангажирал советници да ја испитаат можноста за купување на големата територија.
Исто така, побарал и мислење од раководството на Белата куќа, но сериозноста на распрашувањето на Трамп за Гренланд варира.
Гренланд е леден остров во составот на Кралството Данска, со респектабилна површина од 2.166.086 квадратни километри.
Распрашувањето на Трамп за островот кој инаку е во континентален состав на Северна Америка наиде на громогласни реакции на Твитер, а особено оние со хумористична природа.
Сепак, колку и да звучи малку веројатно, пишува The Wall Street Journal, купувањето на Гренланд не е фантазија.
Во 1946 година, американскиот претседател Хари Труман се обиде да го купи Гренланд за тогашни 100 милиони долари.
Соединетите држави од Данска до сега купија една значајна територија во 1917 година, а која денес се нарекува Девствени острови.
Што се однесува на моменталните односи со таа данска земја, американската војска има голема воздушна база на северозападниот дел од островот.
Факт е дека Данска се бори со модел за финансирање на Гренланд кој ужива висока автономија. Интересно е што Трамп во септември заминува во официјална посета на Данска, но не е познато дали Гренланд ќе биде една од можните теми.