25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од 200.000 луѓе од Западен Балкан заминале во Европа

Повеќе од 200.000 луѓе од Западен Балкан заминале во Европа

Минатата година од Западен Балкан имигрирале 228.000 луѓе во земјите на ЕУ, покажуваат податоците на Еуростат.

Од нашата земја во ЕУ лани се иселиле 24.300 луѓе, од Србија 51.000, од Босна и Херцеговина 53.500, од Косово 34.500.

Сепак, лани најмногу се иселиле од Албанија, 62.000 луѓе, додека најмалку заминале за ЕУ од Црна Гора, 3.000 луѓе.

Од Северна Македонија, минатата година најмногу се преселиле во Германија(11.500), а потоа следат Италија и Словенија.

Повеќето луѓе од Албанија имигрираат во Италија(23.000), Грција(17.000) и Германија(10 000).

Повеќето од БиХ одат во Германија(16.000), Словенија и Хрватска.

Повеќето граѓани од Србија, минатата година имигрирале во Германија(16.000), по што следи Словенија со 5.100 и Хрватска и Словачка со по 4.900 иселеници.

Од Косово повеќето луѓе заминале во Германија минатата година, скоро 19.000, повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Италија.

Во однос на бројот на населението, најмногу иселувања има од Албанија, која брои околу 2,8 милиони жители, бидејќи ланските 62.000 заминувања учествувале со околу 2,2% од вкупното население. Северна Македонија учествува со 2,1 процент од вкупното население, додека од Косово си заминале два проценти. БиХ ја напуштиле 1,5% од населението, а Србија 1,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП