13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската размена на Русија и Кина ќе достигне 200 милијарди долари

Трговската размена на Русија и Кина ќе достигне 200 милијарди долари

Русија и Кина ќе достигнат годишен трговски промет од 200 милијарди долари до 2024 година, изјави кинескиот амбасадор во Русија, Жанг Ханхуи.

”Ние поставивме нова цел: до 2024 година имаме за цел да достигнеме трговски промет од 200 милијарди долари. Скоро сите препреки што ја попречија билатералната соработка се отстранети“, изјави дипломатот.

Русија и Кина планираат да го удвојат трговскиот промет во текот на следните пет години.

Тие минатата година достигнаа промет од 100 милијарди долари.

Според зборовите на Жанг Ханхуи, најперспективни области за развој на билатералните трговски- економски односи се енергетиката, трговијата, земјоделството, иновации и туризам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП