10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемиот светски производител на компјутери ќе ги покачи цените ако САД ги...

Најголемиот светски производител на компјутери ќе ги покачи цените ако САД ги зголеми тарифите

Кинеската групација Lenovo, најголемиот светски производител на компјутери, предупреди дека ќе мора да ги покачи цените на производите доколку САД ги зголемат тарифите.

Ова предупредувањето резултираше со пад на акциите на компанијата за 6,5 проценти на двомесечен минимум, објави Reuters.

”Малопродажните цени на PC уредите и паметни телефони ќе се зголемат ако американските тарифи се зголемат“, изјави претседателот на Lenovo, Јанг Јуенчинг.

Тој наведе дека и префрлање на производството од Кина за да се избегнат американските тарифи ќе ги зголеми цените на производите.

Глобалниот пазар на компјутери порасна за 1,5 проценти во кварталот заклучно со јуни, откако за два последователни квартали регистрираше пад.

Компанијата Lenovo во вториот квартал се појави како лидер во глобалниот компјутерски пазар, зафаќајќи рекордни 25,1 проценти од уделот на пазарот.

Предупредувањето на Lenovo доаѓа во услови на зголемена неизвесност во бизнисот поради американско-кинескaта трговска војна.

Нето-добивката на Lenovo порасна на 162 милиони американски долари во кварталот заклучно со јуни, во однос на просечната проценка на аналитичари од 154 милиони американски долари, додека приходите се зголемија на 12,51 милијарди долари, што е во согласност со очекувањата.

Приходите на Lenovo од продажба на персонални компјутери и паметни телефони се зголеми за 12 проценти, додека приходите од неговиот мобилен оддел паднаа за девет проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП