Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,275.91 1.05%    ELEKTKU1 25.00 0%    ERMT 177.00 -10.15%    GRNT 943.18 0.04%    KMB 5,565.98 0.33%    MTUR 5,250.10 -0.94%    OKTA 4,507.62 -0.05%    PKB 11,800.00 7.27%    RMDEN17 99.00 1.02%    RMDEN18 98.60 -0.1%    RZLIPTE1 25.00 0%    RZUG 12.00 0%    STB 1,201.67 0.14%    TTK 1,448.32 -2.14%    

Нова Opel Corsa: Започнува шестото поглавје на успешната приказна

Време: 10:11

Датум: август 15, 2019

Категорија: АВТОБИЗ

  • Директна рута до мулти-милионски бестселер: над 13,6 милиони Opel Corsa возила продадени за 37 години
  • Пионер: Opel воведува врвни технологии од повисоките класи во мал автомобил
  • Подготвен за иднината: Corsa број шест исто така со електрична верзија за прв пат
  • Светска премиера: новaта Corsa и Corsa-e на саемот за автомобили IAA во Франкфурт 2019 година

Риселхајм. Почетокот беше со Opel Kadett, претставен во 1936 година. Автомобил за мобилност на сите, „Kadett“ беше поволен автомобил по прифатлива цена, во време кога моторизaцијата беше сè уште луксуз. Брендот Opel тогаш се појави во ерата на „економското чудо“ на Германија во текот на 1960-тите од минатиот век и раните 70-ти, со доаѓањето на Kadett A и B. Во овој процес, Kadett се приближи до средната класа големина со секоја нова верзија.

Bреме беше да се пополни празнината со нов, оригинален мал автомобил – доаѓа Opel Corsa. Уште од нејзиното претставување во 1982 година, малата Corsa беше успешна приказна за Opel. До денес, повеќе од 13,6 милиони возила излегоа од производната линија. Со светската премиера на новата Opel Corsa на Меѓународниот автомобилски саем IAA Франкфурт 2019 (отворени денови од 12 до 22 септември), најпродаваниот мал автомобил сега го отвора шестото поглавје. Како и обично со многу технологии кои клиентите инаку ги знаат само од повисоки класи на возила и оптимално опремен за сите идни барања. Opel Corsa за прв пат е достапна и во чисто електрична верзија.

Прв дел: 1982 до 1993 година

Corsa A се карактеризираше со пропорции во должина од само 3,62 метри. Беше со задебелени лакови, со тркала како рели автомобил и исклучително низок коефициент на аеродинамика од 0,36 што беше веројатно рекорден за својата класа. Главниот дизајнер Ерхард Шнел создаде спортски мал автомобил со јасни, извајани линии, со намера да му се допадне особено на „главата во куќата“. Врв на понудатат беше Corsa GSi од 100 КС, а воведен е и дизелски мотор. Понудата со две врати беше проширена во 1985 година со додавање на популарниот модел и верзија со пет врати. Corsa А стана високо ценет, најпродаван модел со 3,1 милиони единици.

Втор дел: 1993 до 2000 година

И покрај успехот на Corsa број 1, донесена е одлука во Риселхајм да се постави наследникот како вистински „миленик на дамите“. Легендарниот дизајнер на Opel, Хидео Кодама започна да работи и создаде многу заоблена, помека Corsa, со привлечни светла кои совршено се вклопуваат во симпатичниот детски изглед. Corsa B беше десетина сантиметри подолга и многу попространа во внатрешноста од претходникот. Исто така, воведе повисоки безбедносни стандарди во својот сегмент, вклучително АБС сопирање, заштита од несакани удари и предни воздушни перничиња. За специјални пазари, веднаш до хечбек верзијата, Opel повторно понуди ночбек, како и караван верзија и пик-ап варијанта. Бензинските мотори веќе имаа технологија за вбризгување на гориво и каталитички конвертори, додека GSi имаше 16 вентили, а дизел моторот сега беше со турбо-полнач. Втората Corsa беше успешна ширум светот, а продажбата стигна до четири милиони.

Трет дел: 2000 до 2006 година

Во духот да не се менува победничкиот тим, Хидео Кодама повторно беше замолен да го дизајнира обликот на Corsa C. Стилот беше свесно ориентиран кон неговиот успешен претходник. Corsa повторно порасна за десет сантиметри во должина и имаше поширок став со подолго меѓуоскино растојание, што значително го зголеми внатрешниот простор. За прв пат, шасијата беше целосно галванизирана. Софистицираните четири-вентилски ECOTEC бензински и новите турбо дизел мотори со директно вбризгување обезбедија висока моќност, мала потрошувачка на гориво и најниски вредности на емисија – сите варијанти веќе ги исполнија Еуро 4 стандардите. Corsa C исто така стана ѕвезда со продадени 2,5 милиони единици.

Четврти дел: 2006 до 2014 година

Отсега, верзиите со три и пет врати се разликуваат: Corsa со три врати има уникатен, купе-стил, насочен кон спортскитe клиенти, исто како и оригиналниaтa Corsa A.  Варијантата со пет врати станува пространа, целосно семеен автомобил. Corsa D имаше помалку од четири метри во должина, порасна на точно 3,999 метри. Со ecoFLEX технологијата на Opel, Corsa имаше системи за старт / стоп заштеда на горивото и високо ефикасни мотори. Онаа 1.3 CDTI ecoFLEX верзијата трошеше само 3,3 л/100 км во текот на комбинираниот циклус и испушташе само 88 г/км CO2. Четвртата генерација на Corsa продаде над 2,9 милиони единици. 

Петти дел: 2014 до 2019 година

Динамична, практична и стилска, Corsa E е исто така бестселер со околу 1,2 милиони продадени единици до денес. Петтата генерација се произведува и во погоните на Opel во Сарагоса и во Ајзенах како варијанти со три врати и пет врати. За прв пат, малата ѕвезда со должина до четири метри, нуди голема удобност и врвни технологии во должина од 4,02 метри. Управувач што се грее, греење на седиштата и автоматската контрола на климата се секако во понудата, како и предната камера со индикатор за оддалеченост, препознавање на сообраќајни знаци и Lane Keep Assist. Возачите на Corsa се оптимално поврзани со инфо-систем преку Apple CarPlay и Android Auto, вклучително и со седум-инчен екран во боја чувствителен на допир. Спортскиот модел што е врв на понудата на на малиот автомобил првично има 152kW (207 КС) Corsa OPC, а подоцна и Corsa GSi со 110kW (150 КС).

Шести дел: 2019 година – воведена електрична верзија

Opel напредува со полна брзина во иднината со Corsa број 6. Најновата генерација на малиот автомобил, која ќе ја прослави својата светска премиера на годинашниот меѓународен саем во Франкфурт, е исто така достапна како целосно електрична верзија за прв пат. Вистински белег е адаптивниот сноп на светлина на матрикс IntelliLux LED® светлата без отсјај, што Opel ја нуди и за прв пат во сегментот на мали автомобили. Покрај тоа, постојат бројни најсовремени системи за помош, како што се предупредување за судир со автоматско сопирање во итни случаи и детектирање на пешаците, како и адаптивна контрола на брзина што го прави возењето уште побезбедно и порелаксирано. Со должина од 4,06 метри, управувањето на Corsa со пет места и практичноста остануваат за пример. Линијата на купе на покривот е за 48 милиметри пониска од претходната – без никаква штета на просторот за глава. Возачот седи за 28 милиметри пониско. Нискиот центар на гравитација придонесува за добро возење и управување. Новата Corsa е подиректна и подинамична – за повеќе забава зад воланот.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Hyundai и Rimac работат на проект суперавтомобил

    Hyundai и Rimac работат на проект суперавтомобил

    Овој мај Hyundai и Kia станаа, со околу 80 милиони евра, едни од главните инвеститори во Rimac Automobili и еден од сопствениците на оваа компанија. Соработката за…

  • Визијата станува реалност – Светска премиера на Volkswagen ID.3

    Визијата станува реалност – Светска премиера на Volkswagen ID.3

    Volkswagen го претставија пионерскиот ID.3 на Меѓународниот Автомобилски Саем (ИАА) во Франкфурт. Ова возило е симбол на новата ера за Volkswagen. ID.3 ја проширува понудата…

  • Меркел на саемот на автомобили: Инвестирајте во електрични автомобили

    Меркел на саемот на автомобили: Инвестирајте во електрични автомобили

    Германската канцеларка Ангела Меркел, отворајќи го во четвртокот Меѓународниот автомобилски саем во Франкфурт, ги повика производителите на автомобили повеќе да инвестираат во електрични возила. ,,Високата…

  • Volkswagen спорниот програм го вградил и во новите автомобили?

    Volkswagen спорниот програм го вградил и во новите автомобили?

    Јавниот сервис SWR во четвртокот утврди дека автомобилскиот гигант Volkswagen спорниот програм за манипулирање со вредноста на издувните гасови наводно го вградувал и во моторите…

  • Германскиот авто гигант најави промена: Омилениот градски автомобил се префрла на електричен погон

    Германскиот авто гигант најави промена: Омилениот градски автомобил се префрла на електричен погон

    Старите мотори со внатрешно согорување ќе завршат во музејот, објави производителот. Производителот на автомобили Daimler најави дека неговиот градски автомобил Smart, со новиот модел ќе биде…

  • Светска премиера на Opel на IAA 2019: Новата Аstra, новата Corsa, Corsa-e, Corsa-e Rally и Grandland X Plug-In Hybrid

    Светска премиера на Opel на IAA 2019: Новата Аstra, новата Corsa, Corsa-e, Corsa-e Rally и Grandland X Plug-In Hybrid

    Успешна приказна, шести дел: За првпат нова целосно електрична Corsa Новa Corsa-e Rally: Opel е првиот производител што претстави е-рели автомобилот 300 КС и AWD:…

  • Поставени темелите на новиот Yaris

    Поставени темелите на новиот Yaris

    Toyota ја претстави нова механичка платформа која ќе ја користи следната генерација Yaris. Платформата на Toyota TGNA во моментов е најзастапената база во опсегот на…

  • Светска премиера на новиот, електричен Porsche Taycan!

    Светска премиера на новиот, електричен Porsche Taycan!

    Чист дизајн со препознатлив Porsche ДНК Porsche го претстави својот прв, целосно електричен спортски автомобил пред јавноста со спектакуларна светска премиера што се одржува истовремено…

  • Новата Opel Astra ќе има премиера на престојниот саем на автомобили во Франкфурт

    Новата Opel Astra ќе има премиера на престојниот саем на автомобили во Франкфурт

    До 21 отсто понизок СО2: Најефикасна Astra на сите времиња Риселхајм. Новата Opel Astra ќе ја има светската премиера на меѓународниот автомобилски саем IAA во…

  • Porsche се обиде да забрза до 145 км на час и да застане на палуба на носач на авиони (видео)

    Porsche се обиде да забрза до 145 км на час и да застане на палуба на носач на авиони (видео)

    Oд премиерата на електричниот Porsche Taycana не дели уште еден ден, а германскиот производител во пресрет на дебито на својот прв електричен модел одлучи да…