24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДизајнирајте си ја сами својата маска за Lumia 820

Дизајнирајте си ја сами својата маска за Lumia 820

lumi1

„Nokia“ објави дизајнирани фајлови кои ќе им овозможат на нивните корисници, со помош на 3Д принтер, да си ја дизајнираат својата маска за „Lumia 820“ телефонот.

Фајловите со механички цртежи, димензии на маската и препорачаните материјали веќе се во оптек, па сопствениците на „Lumia 820“ можат да направат маска за својот телефон.

Овој проект ја направи „Nokia“ една од првите ИТ компании кои сериозно го поддржуваат 3Д печатењето.

Џон Ниланд, еден од менаџерите во финската компанија, ја откри оваа вест на својот блог.

3Д печатењето работи на тој начин што дизајнираниот фајл го испраќате до штампачот кој вади цврста верзија на вашата замисла, изградена од слоеви пластика. Првите 3Д принтери работеа само со една боја, а најновите модели можат да произведат и производи во повеќе бои.

lumi2

Пакетот за 3Д печатење се наоѓа на сајтот за програмери, а за да пристапите до него треба да се регистрирате.

„Сакате водоотпорен телефон кој ќе свети ноќе или ќе има отварач за шишиња и соларен полнач? Некој ќе го дизајнира тоа за вас или вие сами ќе го отпечатите“, вели Ниланд. Тој смета дека 3Д печатењето е технологија која оправдано привлекува големо внимание, и технологија која е продолжување на индустриската револуција.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП