Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 930.00 -2.11%    KMB 5,947.00 0.64%    OKTA 3,153.00 -1.47%    RMDEN18 99.00 0%    STIL 78.00 0%    TEL 320.00 0.36%    TNB 16,450.00 2.73%    ZPOG 1,800.00 0%    

НЛБ Банка ја проширува кредитната понуда со два нови кредитни продукти за правни лица наменети за стимулација на инвестициите

Време: 15:33

Датум: август 14, 2019

Категорија: БАНКИ

Ве информираме дека НЛБ Банка АД Скопје воведe две нови кредитни линии за клиенти-правни лица за реализација на долгорочни инвестициони проекти. Понудата е креирана како резултат на следење на трендовите и случувањата на пазарите во земјата и странство и прилагодување кон потребите на нашите клиенти со цел константна поддршка на нивниот раст и развој.

Една од кредитните линии  е наменета за клиенти инвеститори во фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Покрај долгорочниот кредит кој е дел од оваа кредитна линија, а со цел сеопфатно задоволување на потребите на клиентите, креиран е посебен пакет продукти кој се состои од: денарски гаранции потребни за секој од инвеститорите,  „оverdraft“ и бизнис картички како резервна опција за повремен дотур на обртен капитал. Понудата претставува директна поддршка на компаниите кои сакаат да аплицираат на јавниот повик на Министерство за економија за доделување на право за користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали.

Другата кредитна линија се однесува на дополнување и проширување на кредитната понуда на Банката за долгорочни кредити наменети за проширување и модернизација на постојното производство како и поддршка на нови развојни проекти на компаниите од сите дејности. Така оваа кредитна линија на компаниите им овозможува користење на кредити со долг рок на отплата – до 10 години и со фиксна каматна стапка за целиот период. Кредитната линија нуди и обезбедува фиксни трошоци и стабилно планирање на идните парични текови и претставува еден вид на осигурување на идните финансиски трошоци.

„Креиравме две нови кредитни линии во насока на поддршка на правните лица кои планираат  да инвестираат во својата дејност на работење, како и инвестиции за производство на енергија од обновливи извори. Кредитната линија која е наменета за изградба на фотоволтаични централи има за цел да ги поттикне компаниите да аплицираат на јавниот повик и да ги искористат  понудените поволности од државата, со користење на повластените услови коишто ги нуди нашата Банка.  Предностите од користењето на обновливата енергија се многубројни, но пред сè, се однесуваат на заштитата на животната средина, како и  долгорочно намалување на трошоци за производство на електрична енергија.

Нашите нови кредитни линии имаат за цел да ги стимулираат инвестициите воопшто, да ја зголемат инвестициската моќ на правните лица преку давање на директна финансиска поддршка за реализација на своите инвестициски проекти.“ изјавија од Банката.

Повеќе информации за новите кредитни линии може да се добијат на следните два линка: https://bit.ly/2N1TtFb и https://bit.ly/2KJhcHz.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

    Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

    Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020…

  • Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

    Еуростандард банка на 50.000 корисници на парични права од социјална заштита ќе изврши исплата во еден ден

    На 3-ти јули 2020 година (петок), Еуростандард банка започнa со исплата на парични права од социјална и детска заштита, и тоа на сите корисници, без…

  • НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

    НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

    НЛБ Банка води промотивна кампања за сите кредити за физички лица до 31.08.2020 година. Во рамки на кампањата сите кредити се нудат без трошоци за…

  • НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

    НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

    НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен…

  • Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

    Ова лето Еуростандард банка својот простор го претвора во промотор на уметноста

    Како долгогодишен поддржувач на уметноста, но и на културата воопшто, ова лето Еуростандард банка се приклучува кон проектот „Летна авантура со Култура“ преку кој Банката…

  • Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

    Изработени се првите 35.000 домашни платежни картички од НЛБ Банка

    НЛБ Банка започна со процесот на издавање на домашните платежни картички и веќе се изработени првите 35.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција.…

  • НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

    НЛБ Банка единствена со достава на домашните платежни картички директно до домовите на корисниците

    Согласно Уредбата на владата на Р. Северна Македонија за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, НЛБ…

  • Внимателно со даноците, нивното зголемување не е корисно за економијата!

    Внимателно со даноците, нивното зголемување не е корисно за економијата!

    Пред да се донесе било каква одлука за евентуално зголемување на одредени даноци поради моменталната криза, претходно мора да бидат консултирани сите чинители во општеството.…

  • Bank of America: Купувајте европски акции

    Bank of America: Купувајте европски акции

    Аналитичарите на Bank of America предвидуваат дека европските акции до крајот на септември ќе пораснат во просек за дополнителни десет проценти. Рударскиот и банкарскиот сектор сега…

  • НЛБ ве советува за безбедност при онлајн купување

    НЛБ ве советува за безбедност при онлајн купување

    Светот ќе ја запамети 2020 година како голем предизвик поради справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот. Сведоци сме на креирање на една нова „нормала“…