24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Британците сакаат Брегзит до крајот на октомври

Џонсон: Британците сакаат Брегзит до крајот на октомври

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека британците сакаат политичарите да го извршат Брегзит и се незадоволни што досега не им е загарантиран излез од ЕУ.

На прашањето дали сака избори по 31 октомври за да се осигура дека парламентот не може да го спречи Брегзит, Џонсон одговори дека британската јавност е заситена со избори и други предизборни настани.

– Тие сакаат Брегзит да дојде на 31 октомври. Никогаш не се уморувам да повторам дека тоа и ќе го направиме. Тогаш излегуваме од ЕУ. Тоа е она за што Британците гласаа, истакна Џонсон.

Британскиот премиер смета дека Британците не се задоволни бидејќи три години откако политичарите дадоа упатства што да прават и повеќе ветувања од парламентот, сè уште нема Брегзит.

Тој изјави дека членовите на британскиот парламент, кои мислат дека можат да го блокираат Брегзит, се вклучени во ”ужасна” соработка со ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП