4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо втората по големина економија во Еврозоната невработеноста најниска од 2008 година

Во втората по големина економија во Еврозоната невработеноста најниска од 2008 година

Стапката на невработеност во Франција падна на 8,5 проценти во вториот квартал од 2019 година од ниво од 8,7 проценти во првиот квартал.

Тоа го покажаа денес објавени податоците од Националното биро за статистика (INSEE).

Тоа е најниска стапка на невработеност во втората по големина економија во Еврозоната од крајот на 2008 година.

Шест економисти кои ги анкетирал Reuters прогнозираа просечна стапка на невработеност од 8,7 проценти за вториот квартал.

Британската агенција проценува дека континуираниот напредок на пазарот на трудот донесе одредено олеснување на францускиот претседател Емануел Макрон, во услови на неколкумесечни улични протести против владините политики кои често се критикувани поради фаворизирање на богати членови на општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП