8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Купувањето на акциите од грчката компанија за дистрибуција на гас (ДЕСФА) дава големи шанси за азербејџанската државна компанија (СОКАР) да учествува во инвестициските планови на Балканот, изјаво директорот на СОКАР, Рованг Абдулаев. Тој наведе дека со купување на 66 проценти од акциите на ДЕСФА, СОКАР ќе може да учествува во различни инвестициски планови на Балканот и на прво место во системот за дистрибуцаија на гас во Албанија, за што веќе е постигнат договор. СОКАР беше единствена компанија која учествуваше на тендерот за приватизација на грчкиот оператор ДЕСФА во средината на јуни. Азербејџанската компанија понудила 400 милиони евра за 66 отсто од акциите на ДЕСФА.

Брисел – Грција има три дена за да ги увери своите кредитори, дека може да ги исполни условите од спасувачката програма, за да ја добие следната транша од меѓународната финансиска помош, изјавија претставници на еврозоната. Атина и нејзините кредитори ги обновија вчера преговорите за отпуштање на транша во износ од 8,1 милијарда евра по двонеделниот прекин за време на политичката криза, предизвикана од одлуката за затворање на државната радио телевизија ЕРТ. – Очигледно е општото незадоволство од напредокот во Грција, кога станува збор за реформите во државниот сектор, како собирањето на даноци или здравствените услуги, изјави претставник на еврозоната, кој учествува во преговорите.

Подгорица – Новиот закон за зголемување на стапката на ДДВ од 17 на 19 проценти влезе во сила во Црна Гора. Во Црна Гора имаше протести против оваа мерка за стабилизирање на економијата, која се уште страда од последиците на светската финансиска криза. Активистите вчера уште еднаш изведоа протестна акција пред парламентот на земјата, изјавувајќи дека во врска со зголемувањето на ДДВ цените се зголемиле повеќе од очекуваното.

Никозија – Според меѓународната рејтинг агенција Мудис процедурата за отпишување на долгот на државните обврзници на Кипар се сведува на банкрот. Мудис, која не користи рејтинг за „банкрот“ или „селективен банкрот“, рејтингот на Кипар го остави на неинвестициското ниво Цаа3, со негативна перспектива. Агенцијата ги оценува последиците од процедурата за отпишување на долгот од обврзниците врз оддржливоста на државниот долг како целина, односно способноста на земјата да ги исполни своите обврски кон кредиторите, се посочува во соопштението на Мудис.

Москва – Долниот дом на рускиот Парламент денеска усвои закон со кој се амнестираат лица што се по првпат осудени или им се суди за финансиски криминал, со што на слобода ќе се најдат околу 350 бизнисмени, oбјави руската телевизија на англиски јазик „Раша Тудеј“. Амнестија ќе добијат криминалците со „бели кошули“, што претходно не биле осудувани, коментираат руските медиуми. Федералната служба за кривични дела смета дека амнестијата ќе опфати 180 лица кои издржуваат затворски казни во затворите и уште најмалку 160 лица што се наоѓаат во истражните затвори.

Сан Франциско – Раководителот на „Икс-бокс“ на „Мајкрософт“, Дон Матрик ја напушта компанијата и ќе премине во фирмата за производство на видео игри „Зинга“. Како што соопшти основачот и сопственик на „Зинга“, Марк Пинкас, Матрик од идната недела ќе ја преземе должноста извршен директор на неговата компанија. Матрик, кој е творец на „Икс-бокс Уан“, ќе има задача да ја извлече „Зинга“ од кризата во која западна, по големиот успех со он-лајн игрите пред неколку години. Неодамна „Зинага“ отпушти 18 проценти од своите вработени.

Њујорк – Нафтата на светските берзи денеска поскапе на над сто долари за барел, како последица на кризата во Египет. Последен пат барел нафта чинеше повеќе од сто долари во септември минатата година. Експертите оценуваат дека ова поскапување на нафтата се должи на стравувањето на инвеститорите дека политичката криза во Египет би можела да го наруши транспортот на енергенсот низ Суецкиот Канал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП