Американскиот претседател тврди дека организацијата ја преферира Кина на штета на САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани во вторникот дека ќе ја напушти Светската трговска организација (WTO) која остро ја критикуваше, затоа што, според неговото мислење, ја преферира Кина на штета на Соединетите држави.
„Ќе ја напуштиме организацијата ако треба“, изјави американскиот претседател на вработените во една хемиската фабрика на компанијата Shell во Пенсилванија.
„Нè мачат со години и тоа никогаш повеќе нема да се случи“, изјави Трамп.
Трамп не е прв пат да се закани дека ќе ја напушти меѓународната организација која во текот на неговата предизборна кампања ја оцени како „застарена“.
“Многу лош” третман за САД
Минатото лето Трамп оцени дека WTO со години „многу лошо“ ги третира Соединетите држави и увери дека доколку организацијата не се реформира, САД ќе се повлече.
На крајот на јули тој бараше реформи во WTO и повеќе да не даваат повластен третман на земјите во развој.
Администрацијата на Трамп веќе долго време ја обвинува WTO и некои нејзини членки, како што е Кина, за злоупотреба на статусот на земја во развој, кој овозможува и одложување на некои договори или заштита на некои области без изложување на гневот на членовите на организацијата.