17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД забранија некои лаптопи на Епл во авиони поради опасност од пожар

САД забранија некои лаптопи на Епл во авиони поради опасност од пожар

Американската федерална управа за цивилна авијација забрани внесување во авиони на модели на преносни компјутери МакБук Про на Епл, поради опасност дека батериите би можеле да предизвикаат пожар.

Во јуни Епл соопшти дека ќе повлече од пазарот одреден број лаптопи МакБук Про со екран од 15 инчи, бидејќи батериите може да предизвикаат пожар по извесно време на користење. Станува збор за уреди што се продавале меѓу септември 2015 и февруари 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП