26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоја земја има највисок стандард во ЕУ?

Која земја има највисок стандард во ЕУ?

ger2

Според истражувањето на Еуростат, европскиот завод за статистика, земја членка на Европската унија во која најдобро се живее е Германија, со оглед на тоа дека трошоците за живот се повисоки за само 1,8 проценти од просекот на ЕУ, додека истовремено има еден од најголемите БДП во Унијата – што е честа мерка за благосостојбата на нацијата.

Земјите кои имаат најголеми трошоци за живот како што е Норвешка (59,2 проценти над просекот во ЕУ), Швајцарија, Шведска и Данска, истовремено можат да се пофалат со голем БДП, но сепак тие не живеат подобро од жителите на Германија. И земјите со помал БДП од Германија, како што се Холандија, Белгија и Луксембург, Австрија, Италија, Велика Британија и Финска, имаат поголеми апсолутни животни трошоци, што значи дека нивниот животен стандард во целина е помал.

Просекот на животни трошоци во ЕУ е помал во јужните земји кои се во криза (Грција, Шпанија и Португалија), но и земјите од Источна Европа и Балканот, меѓу кои најниски трошоци за живот има Бугарија (53,3 помалку од просекот на ЕУ).

Кога станува збор за тоа во што лежи тајната на германските евтини цени, експертите имаат неколку претпоставки, но најверојатната е таа која вели дека станува збор за голем пазар со голема конкуренција на продажни ланци и штедливи потрошувачи, со што неизбежно се намалуваат цените.

Дисконтите, супермаркетите, сепак, се германски пронајдок. Во прашање е многу ниска трговска маржа на цената на намирниците и облеката, така што речиси сите ставки малку го оптеретуваат џебот на Германците. Помалите земји во соседството, како што се Австрија, Швајцарија или Белгија, имаат мали пазари, па затоа не можат да ги користат придобивките од конкуренцијата, па затоа нивните цени се повисоки.

Во Германија, освен тоа, пониски се и цените на алкохолните пијалоци, и тоа за многу пати во однос на оние од скандинавските земји, додека цената на греењето, енергенсите и бензинот, како и трошоците за домување, малку повеќе го оптеретуваат џебот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП