18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ тие имаат ''коњ за трка'': Кинезите лансираат сопствена дигитална валута

И тие имаат ”коњ за трка”: Кинезите лансираат сопствена дигитална валута

Дигиталните пари ќе бидат под контрола на државниот апарат.

Кинеската народна банка соопшти дека нејзините виртуелни пари може да се каже дека се завршени, што значи дека наскоро би можело да се најдат во оптек.

Кинеската дигитална пара ChinaCoin нема да биде класична криптовалута, бидејќи е развиена од кинеската национална банка со поддршка на комерцијални кинески банки, па не функционира како биткоинот и сличните валути.

Иако кинеската народна банка ја најави дигиталната валута како голема зделка за готовински трансакции во Кина, тоа не значи дека ќе се создава од ”рудари“ и ќе обезбеди алгоритми кои ќе ја гарантираат независностa, туку тоа ќе бидат дигитални пари што ќе ги издаваат банки под конрола на државниот апарат, на ист начин како што во оптег го пуштаат јуанот, освен што нема да се печати.

Со оглед на прилично големата блокада на информации што доаѓаат од Кина, детали за тие дигитални пари сè уште не се познати, додека причината за потегот на Кинеската национална банка ја бара поради незадоволство на дел од кинеската економија поради ”нарушувања на пазарот на пари предизвикани од криптовалутите“, односно шпекуланти кои со нив тргуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП