Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Во Русија во иднина статусот на студентите ќе зависи од системите за вештачка интелигенција, изјави директорот на универзитетскиот центар EDCrunch University при Националниот истражувачки технолошки универзитет MISIS во Русија, Нурлан Кијасов.
Според неговите зборови, врз основа на податоците кои ќе се добијат преку дигитален мониторинг на студентите, системот ќе ја оцени нивната работа, активноста во предавањата, социјалниот живот и однесувањето.
По анализирањето на добиените информации универзитетското раководство ќе одлучи како да постапи со студентот – да го награди или да го охрабри да работи, да го советува да земе дополнителни курсеви, да го проверува поактивно на предавања, да го предупредува за несоодветно однесување или да го исфрли од факултет.
Како што истакна Кијасов, со помош на вештачката интелигенција ќе се елиминира пристрасноста на професорите.
Системот ќе биде тестиран на неколку избрани универзитети, а се очекува неговата имплементација да започне оваа година. До 2021 година, на одделни универзитети ќе се применуваат експериментални прототипови.
Кијасов тврди дека препораките за вештачка интелигенција нема да бидат обврзувачки, а конечната одлука за судбината на студентот ќе ја донесе деканот.
Според Министерството за образование, минатата година од универзитет во Русија се исфрлени 16,8 проценти студенти. Експертите веруваат дека воведувањето вештачка интелигенција ќе го намали тој индикатор на десет проценти.
Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот објави дека САД ја постигнале таканаречената прва фаза од трговскиот договор со Кина. Според неа, Вашингтон ќе се откаже…
Министерството за финансии на САД ги укина санкциите кон три руски компании, се вели во документот објавен на веб страницата на Министерството. Од американскиот список…
Франција е најголем извозник на електрична енергија во Европа за 11 месеци оваа година, а Италија најголем увозник, покажа студијата за европски интерконекторски пазар. Студијата на…
Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни…
Во Македонија бројот на изградени станови месечно е колку во поголем број од европските земји за 12 месеци односно за цела година. Податоците од Меѓународниот…
Акција за чистење на 20 скопски локации во која ќе се вклучат вработените од јавниот сектор ќе се одржи денеска и на тој начин ќе…
Времето во Република Северна Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови,…
Во свечена атмосфера, во присуство на бројни гости, министри, претставници на институции и на дипломатскиот кор, соработници, традиционално и годинава беа доделени десетте признанија за…
Компаниите од Македонија малку ги искористуваат средствата што им се нудат од европските фондови, но доколку бидат поактивни и поинформирани, во земјава може да влегуваат…
На европските берзи утрово цените нагло се зголемија, по вестите за трговскиот договор меѓу САД и Кина и убедливата победа на Конзервативната партија на парламентарните…
Пингбек: Судбината на студентите ќе зависи од вештачката интелегенција - ММС