Велика Британија е ”прва на ред“ за трговски договор со Соединетите држави, изјави советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност.
Џон Болтон изјави дека САД го поддржуваат Брегзит без договор и додаде дека Вашингтон ќе предложи забрзана серија трговски договори.
Според зборовите на Болтон, договорите би можеле да бидат склучени ”сектор по сектор“, со тоа што прво е договорот за производство.
Неговите коментари уследија по состанокот со премиерот Борис Џонсон во Лондон.
Како што истакна Болтон, билатералниот договор или ”серијата договори“ може да се постигне ”многу брзо“.
Додаде и дека трговскиот договор за финансиски услуги и земјоделство нема да биде првиот за кој ќе се преговара.