ЕКОНОМИЈА

Трамп најмногу твитува за една земја

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер, од сите земји најчесто ја споменува Руската Федерација.

Според Economist, од моментот кога Трамп е избран за американски претседател во 2016 година, за Русија твитувал 297 пати.

Американскиот претседател, 1384 пати на Твитер напишал за 81 земја.

Втората најпопуларна земја на Твитерот на Трамп е Северна Кореја, која 163 пати се појавила во твитовите на претседателот, објави Tas.

На трето место е Кина.