25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна ги прекина кинеските инвестиции во Европа

Трговската војна ги прекина кинеските инвестиции во Европа

Кинеските инвестиции во Европа се намалија за 80 проценти во првата половина од годинава во однос на истиот период во 2018 година, објави консултантскиот гигант Ernst and Young (EY) во студијата.

Кина инвестираше 2,4 милијарди американски долари во европските компании во првите шест месеци од 2019 година, вклучително и 81 аквизиција и купување акции, соопшти EY, посочувајќи дека повеќето од тоа се однесувало на зделки од мали размери.

Студијата покажала дека Кина не остварила аквизиција во Германија каде инвестирала само 505 милиони долари во германски компании. Во 2018 година најсилната економија во Азија инвестирала 10 милијарди американски долари во Германија.

Консултантската фирма смета дека сегашниот трговски конфликт меѓу САД и Кина, поради кој кинеската економија забави, е главната причина за големиот пад.

Европа во 2016 година забележа рекордни 85 милијарди американски долари од кинески инвестиции преку аквизиција на европски компании.

Кина експлицитно објави дека ја следи својата цел да ги престигне Западот и Јапонија во технолошкиот сектор до 2050 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП