Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Портокалова фаза со високи температури и УВ зрачење, од утре попладне невреме

Време: 09:47

Датум: август 13, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење кое ќе изнесува 9, ќе биде активирано денеска на територијата на цела држава. Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните од 32 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 41 степен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…Се регистирани и зголемен број колапси на јавно место.

Од УХМР посочуваат дека утре само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Температурата ќе достигне до 40 степени. Утре кон крајот на денот и в четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Од четврток температурата ќе опадне за 5 до 8 степени, прво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава.

Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Граѓаните во целиот летен период треба да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија граѓани.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Финансиска поддршка преку Планот за економски раст за 170 компании

    Финансиска поддршка преку Планот за економски раст за 170 компании

    Сто и седумдесет компании ќе добијат финансиска поддршка преку програмата на Планот за економски раст. Информацијата за склучување договори со компаниите е разгледана и усвоена…

  • Сончево и топло, температури до 31 степен

    Сончево и топло, температури до 31 степен

    Во земјава денеска времето ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 3 и 11, а максималната ќе…

  • Осетливи на глобалните нарушувања во трговијата: Сингапур за влакно избегна техничка рецесија

    Осетливи на глобалните нарушувања во трговијата: Сингапур за влакно избегна техничка рецесија

    Економијата на Сингапур, која многумина сметаат дека е предводник на глобалниот раст, избегна техничка рецесија. Имено, економијата на земјата во третиот квартал од 2019 година…

  • Лондон на 6 ноември ќе го претстави првиот буџет по Брегзит

    Лондон на 6 ноември ќе го претстави првиот буџет по Брегзит

    Британскиот министер за финансии Саџид Џавид објави денеска дека на 6-ти ноември ќе го претстави „првиот буџет по излегувањето на Британија од Европската унија“. „Ќе…

  • Ангеловска: Со сет мерки против нерегистрираната е-трговија

    Ангеловска: Со сет мерки против нерегистрираната е-трговија

    Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките и технолошко поврзување на електронските продавници со Управата за јавни приходи,…

  • Горе високо, долу длабоко – Македонија со ниски плати но и мала продуктивност

    Горе високо, долу длабоко – Македонија со ниски плати но и мала продуктивност

    Раст на платите единствено со раст на продуктивноста – административното покачување на минималецот без поддршка сериозно ќе ја наруши конкурентноста на македонските компании, предупредуваат бизнисмените.…

  • За 4,7 отсто повеќе странски туристи во август годинава

    За 4,7 отсто повеќе странски туристи во август годинава

    Државава во август годинава ја посетиле 216.321 турист, а се реализирани 904.740 ноќевања, што споредено со август лани, е зголемување за 2,2 процента, односно 2,6…

  • Од ноќеска на полноќ поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

    Од ноќеска на полноќ поевтинува ЕУРОСУПЕР БС-95

    Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар,…

  • Колкави се минималните плати во регионот

    Колкави се минималните плати во регионот

    Најниска минимална плата во земјите од регионот добиваат вработените во нашата земја, 203 евра. Според најновите расположливи податоци, минимaлецот во Босна и Херцеговина е 208…

  • Русија го разгледува воведувањето евра и рубљи како главна валута во извозот на енергенси

    Русија го разгледува воведувањето евра и рубљи како главна валута во извозот на енергенси

    Рускиот министер за економија Максим Орешкин изјави дека Русија размислува за воведување на евра и рубљи како главни валути во извозот на енергенси, со што…