8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со слаб југоисточен ветер

Сончево со слаб југоисточен ветер

Времето во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. УВ=9

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната температура од 32 до 41 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. УВ=9

Утринската температура ќе достигне до 21 степени, а дневната температура до 41 степени.

Во среда само во јужните делови ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури и УВ зрачење. Во среда кон крајот на денот и во четврток на места ќе има зголемување на облачноста со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Во четврток и петок ќе дува засилен северен ветер и температурата ќе опадне за 5 до 8 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП