Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,953.32 -0.36%    BESK 7,864.14 -3.73%    ERMT 197.00 0%    GRNT 898.32 0.37%    KMB 5,432.66 0.4%    MPT 63,052.61 0.54%    OKTA 4,750.00 0.42%    RZIT 20.00 0%    RZUG 12.00 0%    SBT 2,592.06 9.02%    STB 1,196.43 0.83%    STBP 790.00 -16.75%    STIL 103.00 0%    TETE 2,424.27 4.72%    TNB 16,388.19 -2.45%    TTK 1,455.99 -2.93%    UNI 2,250.00 0%    ZPKO 1,851.00 2.83%    

Уште три дена многу високи температури, од четврток мало освежување

Време: 07:49

Датум: август 12, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Сончево и топло време со многу високи температури од портокалова фаза, што веќе неколку дена ја зафатија целата држава, ќе се задржи до 14 август. Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 22 степени, а дневните од 30 до 41 степен. Во Скопје температурата ќе достигне до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Се препорачува граѓаните да се заштитат од високите температури.

Од Службата за Итна медицинска помош во Скопје посочуваат дека зголемен е бројот на повици, а граѓаните кои не се чувствуваат добро поради топлото време имаат кардиоваскуларни промени, главоболки, притисок, вртоглавица, малаксаност, поспаност…

На 14 август температурата ќе достигне до 40 степени, а попладнето и во четврток ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи, кога се очекува и намалување на температурата, најпрво во северните делови, а од петок и насекаде низ земјава. Во четврток температурата ќе достигне до 37 степени, а во петок и во сабота до 36 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Министерството за здравство врз основа на заклучоците на Комисијата за следење на ефектите од високите температури согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови донесе препораки во кои се наведува да се ослободат од работните обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, што особено се однесува на градежните работници.

Во препораките се истакнува дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат проактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници согласно предвидените активности во Акциониот план, а со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Граѓаните во целиот летен период треба да ги почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, што значи дека во текот на екстремно топли денови треба да останат подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка, да носат светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да користат крема со висок заштитен фактор, да внесуваат помало количество храна, главно овошје и зеленчук, помалку мрсна храна, да внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, да избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило, потребно одреден период да го проветрат, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, од Министерството препорачуваат задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови, а пред употребата таа да се загрее на + 100 степени и да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.

Од Министерството за здравство потенцираат дека здравствените установи се подготвени со доволен број капацитети (хумани, просторни) и медикаментозна терапија за евентуално справување со зголемен број лица со штетни ефекти по здравјето од високите температури, а по потреба и на дневна основа, Комисијата за следење на ефектите од високите температури ќе предлага мерки и активности за минимизирање на овие ризици во наредните денови посебно за најранливата категорија граѓани.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Америка не се откажува, сака да отвори конзулат на Гренланд

    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да отвори американски конзулат на Гренланд, во услови на растечки стратешки и економски интерес на данската територија. Во…

  • Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Берба и откуп на споредни шумски плодови – макотрпна, но исплатлива сезонска работа

    Сезоната на зреење боровинки, малини, капини, како и останати споредни шумски плодови е во полн ек, а голем број граѓани со години летото го минуваат…

  • Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

    Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните…

  • IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    IFO: Брегзит без договор најтешко би ја погодил Ирска, некои земји ќе профитираат

    Брегзит без договор најтешко ќе ја погоди ирската економија, покажуваат резултатите на истражувањето на германскиот институт IFO. Нивото на економски напредок, во случај на таканаречениот…

  • Анализа: сите македонски министри за финансии – кој сè досега ги чуваше државните пари?

    Анализа: сите македонски министри за финансии – кој сè досега ги чуваше државните пари?

    Премиерот ја предлага основачката на Grouper, Нина Ангеловска, за министерка за финансии. Таа има 30 години, но сепак не е најмладиот кој би седнал во…

  • Нотарската комора потпиша договор за меѓународна соработка со германските нотари

    Нотарската комора потпиша договор за меѓународна соработка со германските нотари

    Договор за меѓународна соработка денеска во Берлин потпишаа Нотарската комора на Република Северна Македонија и Федералната комора на нотарите на Германија. Целта на потпишувањето на…

  • Биткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

    Биткоинот е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички

    Евн Кун, ко-основачот на крипто берзата Coinberry со седиште во Торонто, тврди дека биткоинот (BTC) е поефикасен за плаќање данок од банкарските картички. Како што објави…

  • Лидерите на најразвиените земји на Г7 самитот во Франција за глобалната економија

    Лидерите на најразвиените земји на Г7 самитот во Франција за глобалната економија

    Претседателот на САД, Доналд Трамп и другите лидери на најразвиените земји во светот ќе го отворат годинешниот самит на групата седум (Г7) во Бијариц, Франција,…

  • Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

    Лозарите од Тиквешијата од денес на протест за реални откупни цени на грозјето

    Незадоволни од винарските визби лозарите од Тиквешијата одлучија од денес да излезат на протести. Регионалното здружение „Напредни лозари“ од Кавадарци протестот го закажа за вечер…

  • Во јуни 86,4 проценти од потрошената струја од домашно производство

    Во јуни 86,4 проценти од потрошената струја од домашно производство

    Струјата произведена во домашните капацитетите во јуни годинава учествува со 86,4 проценти во вкупната потрошувачка на електрична енергија, објави денеска Државниот завод за статистика. Во…