4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРусите се подготвени за производство на првиот EV автомобил

Русите се подготвени за производство на првиот EV автомобил

Заменик-министерот за индустрија и трговија во владата на Русија, Александар Морозов, го потврди почетокот на производството на првиот електричен автомобил за крајот на годината.

Морозов потврди дека владата ќе инвестира околу 6,1 милиони евра во проектот Zetta, со план од дополнителни 1,3 милиони евра во производството на моделот Zetta.

Во план е електричен автомобил со три врати да се прави во 10.000-15.000 примероци годишно, а би се продавал по почетна цена од 6.100 евра.

Русија планира 50 проценти од производството на Lada Zette да извезува во арапските земји и Северна Африка.

Zetta ќе биде со големина 3.030×1.600×1.760mm и ќе се изработува исклучиво од руски компоненти, освен батеријата ќе биде кинеска.

Ќе се овозможи автономија до 560 километри помеѓу две полнења. Автомобилот ќе има максимална брзина електронски ограничена на 120 км на час.

Русите веќе преговараат со странските производители со кој заедно ќе го развијат новиот електричен автомобил.

Медиумите шпекулираат дека ова е најблизу до Renault-Nissan-Mitsubishi сојузот, а автомобилот би се изработувал во AvtoVAZ погоните под брендот Lada.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП