П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Јуни 2019 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 7.539 ијлади денари но е помал во однос на лани кога изнесувал 45.787 илјади денари.
Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – јуни 2019 година изнесуваат 1.142.553 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година за истиот период бележат пораст од 20 %. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 98 %, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 20%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари- јуни 2019 година изнесуваат 1.085.931 илјади денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат раст од 16%. Растот на вкупните расходи е во корелација со работењето во 2019 година за извештајниот период.
Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година за извештајниот период изнесуваат 156.245 илјади денари.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.