1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на биткоинот ќе достигне 250.000 долари до почетокот на 2023 година

Цената на биткоинот ќе достигне 250.000 долари до почетокот на 2023 година

Цената на биткоинот (BTC) ќе достигне ниво од 250.000 американски долари, но неговиот статус како ”безбедно засолниште“ за инвеститорите би можело да почека малку подолго од предвиденото, истакна познатиот инвеститор на ризичен капитал Тим Дрејпер.

Во интервју за Yahoo! Finance, Дрејпер го повтори своето предвидување дека биткоинот ќе достигне 250.000 американски долари до 2023 година. Меѓутоа, поради сегашните трендови, би можело да дојде до мало задоцнување за да се достигне на тоа ниво во реалноста.

”Се консолидираше повеќе отколку што мислев“, изјави Дрејпер во интервјуто.

Дрејпер додаде: ”Мислев дека во овој момент ќе има многу повеќе конкуренти кои се навистина релевантни, но луѓето се консолидираа кон биткоинот бидејќи е децентрализиран“.

Дрeјпер е познат по своето предвидување на цената на биткоинот веќе подолго време. Моментално, тој верува дека временската рамка од четири години е доволна цената да достигне ниво од 250.000 долари.

”250.000 долари до 2022 година или до првиот квартал од 2023 година“, додаде тој.

Како што објави Cointelegraph, консолидацијата за која зборувал Дрeјпер оваа недела е широко поддржана, особено по нестабилноста поврзана со Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП