ПочетнаКОМПАНИИМеркатор продава 13 шопинг центри во поранешните југословенски републики

Меркатор продава 13 шопинг центри во поранешните југословенски републики

Компанијата „Меркатор“ почна со продажба на 13 трговски центри, од кои еден во Словенија и 12 во БиХ, Хрватска и Србија, со што продолжува примената на стратегијата за намалување на долговите на Меркатор Група.

Меркатор лани продаде 10 шопинг центри во Словенија на австрискиот инвеститор „Супернова“, а сега ги продава шопинг центарот во Копар, четири недвижности во Хрватска, шест во БиХ и две во Србија.

Сите недвижности се продаваат по принципот на закуп, што значи дека „Меркатор“ останува закупец на недвижностите кои во моментов ги поседува.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП