19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧистка на директорите во Централната банка на Турција

Чистка на директорите во Централната банка на Турција

Турската централна банка ги отпушти својот главен економист Хакан Кару и директорите на некои сектори како дел од реорганизацијата наложена од собранието на банката, според документот до кој има пристап новинската агенција „Ројтерс“.

Овој потег доаѓа откако турскиот претседател Таип Ердоган минатиот месец го отпушти гувернерот на Централната банка, Мурат Сетинкаи, наведувајќи дека тој не ги почитувал инструкциите за каматните стапки и дека банката не ги извршувала правилно своите должности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП