6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговската војна го зема данокот: Увозот на стока од САД во Кина...

Трговската војна го зема данокот: Увозот на стока од САД во Кина падна за 19 проценти

Увозот на стоки од САД во Кина се намали за 19 проценти во однос на јули минатата година, бидејќи трговската војна со Вашингтон се интензивираше.

Царинските податоци за тоа се објавени денес.

Сепак, падот во јули е скоро половина од јуни кога намалувањето на увозот на американската стока во Кина беше дури 31,4 проценти.

Извозот на стоки од Кина во САД во јули падна за 6,5 проценти.

Пекинг со казни и стопирање на набавките на американска соја и други производи се осветува за зголемувањето на тарифите за кинеската стока во САД со кои е во спор околу трговијата и технологијата.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела се закани дека казнените царини ќе ги продолжи на уште роба која се увезува од Кина, во вредност од 300 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП