Романија во вторникот објави дека планира да воведе данок на шеќерни безалкохолни пијалоци како една од мерките за борба против дебелината, следејќи ги постапките на другите европски земји, како што е Франција.
”Овој данок е насочен на обесхрабрување на потрошувачката на шеќерни пијалоци и зголемување на јавните приходи што би можеле да се потрошат за здравство и образование. Епидемијата на дебелината во ЕУ претставува огромен товар за здравствените системи“, соопшти романското Министерство за финансии.
Новиот данок се очекува да собере 66 милиони евра до крајот на 2019 година.
Романското здружение за безалкохолни пијалоци го осуди данокот како ”дискриминаторски“ и порача дека ќе му наштети на секторот, кој има околу 60.000 работни места.
Според консултанската куќа KeysFin пазарот на слатки пијалоци во Романија вреди околу 1,2 милијарди евра.