27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако до совршен пивски производ?

Како до совршен пивски производ?

zlaten-dab-so-nov-izgled-i-vrven-kvalitet-3

„Во јавноста постојано зборуваме за инвестициите, но сосема друго е кога граѓаните ќе се уверат и со слика во вистинитоста. Целиот процес на производство на пиво спроведен со високо технолошката опрема е основата на ова видео, каде се гледа од почеток до крај како се произведува пивото“, објаснува Димитар Тодороски бренд менаџер на Прилепска Пиварница.

Прилеп (03.07.2013) – Како до совршен производ? Ова е основната порака на кусото видео на Прилепска пиварница каде се прикажува процесот на производство на Златен Даб.

„Во јавноста постојано зборуваме за инвестициите, но сосема друго е кога граѓаните ќе се уверат и со слика во вистинитоста. Целиот процес на производство на пиво спроведен со високо технолошката опрема е основата на ова видео, каде се гледа од почеток до крај како се произведува пивото“, објаснува Димитар Тодороски бренд менаџер на Прилепска Пиварница.

 

 

Одлуката за ваков чекор е практично да се покаже патот на пивото, посебно со можностите на пиварницата што во моментов ги надминуваат сите пиварници во регионот.

„Безкиселгурната филтрација е опрема што ја поседуваме и е ретка и во европските пиварници. Новата линија за пакување во стаклена амбалажа ни овозможи креирање на сосем нов изглед на македонскиот Златен даб. Во видеото се гледа и моментот на контрола на квалитетот со што докажуваме дека кај нас грешките се сведени на миниум токму поради големите инвестиции што се направија во последните години“, додаде Тодороски.

Златен Даб од пред речиси два месеци има целосно нов изглед, со подобар вкус и висок квалитет. Од Прилепска Пиварница најавуваат дека токму со овој производ ја започнуваат својата стратегија за извоз во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП