19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропската комисија е подготвена да разговара со Велика Британија за Брегзит

Европската комисија е подготвена да разговара со Велика Британија за Брегзит

Европската комисија е подготвена со Велика Британија во наредните недели да разговара за Брегзит, соопшти Европската комисија.

Во изјавата се изрази надеж дека ќе биде избегнат Брегзит без договор, но и Брисел е подготвен за ваков исход.

„Европската комисија ќе остане достапна и во наредните недели ако Велика Британија сака да разговара и детално да го разјасни својот став, без разлика дали е преку телефон или лично“, се вели во извештајот.

Извор од британската администрација претходно изјави дека и Велика Британија е подготвена да постигне договор за Брегзит со ЕУ.

Британскиот весник Guardian пишува, повикувајќи се на дипломати од ЕУ, се укажува на тоа дека британскиот премиер Борис Џонсон нема намера повторно да  преговара за договорот за повлекување и го сака Брегзит без договор.

Парламентот на Велика Британија трипати гласаше за отфрлање на договорот кој со ЕУ го постигна поранешната премиерка Тереза ​​Меј.

Џонсон повеќепати изјави дека до 31 октомври ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ, со или без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП