13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОН: Пјонгјанг со кражба во сајбер просторот дојде до две милијарди долари

ОН: Пјонгјанг со кражба во сајбер просторот дојде до две милијарди долари

Северна Кореја заработила околу две милијарди американски долари за своите програми за развој на ”оружје за масовно уништување крадејќи од финансиски институции и разменувајки криптовалути со распространети и сè понапредни сајбер напади“, се вели во доверлив извештај на ОН во кој Reuters имал увид.

Мисијата на Северна Кореја во ОН не сакаше да го коментира извештајот доставен до Комитетот за санкции на ОН минатата недела, додаде британската агенција.

Во извештајот се додава и дека Пјонгјанг ”користел сајбер простор за перење украдени пари“.

Reuters потсетува дека Советот за безбедност на ОН во 2006 година воведе санкции на Северна Кореја за да го отежни собирањето на средства за развој на нуклеарно и балистичко ракетно оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП