23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарските глечери се топат побрзо од кога било

Швајцарските глечери се топат побрзо од кога било

Поради рекордните температури ова лето швајцарските глечери се топат со рекордни брзини.

Експертот од универзитетот во Цирих, Матијас Хус, истакна дека само во период од 14 дена во текот на топлиот бран во јуни и јули забележана е загуба од 0,8 милијарди тони мраз и снег, што го смета како ”апсолутно невообичаено“.

Топлинските бранови во јуни и јули предизвикаа големо топење на глечерот, па така на Ронерглечер на Фуркапас веќе долго време е покриен со мраз за да се забави топењето.

Исто така на Титлисглечер, властите презедоа мерки на претпазливост за да спречат топење.

Најголемиот глечер на Алпите во Швајцарија, Алечглечер, е намален за повеќе од три километри од 1870 година, а во последните децении топењето се забрза.

Хус истакна дека обилните снежни врнежи минатата зима, во споредба со претходните години, биле добри за глечерите, а дека двата топлотни бранови ги вратиле мразот и снегот на просечните вредности на изминатите десет години, дури и малку под тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП