22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на извозот од 14,1 отсто во првото полугодие

Раст на извозот од 14,1 отсто во првото полугодие

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јуни 2019 година, изнесува 194.235.989.000 денари и бележи пораст од 14.1 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, изнесува 251.236.685.000 денари, што е за 11.2 отсто повеќе од првото полугодие лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз е 77.3 отсто, а трговскиот дефицит изнесува 57.000.696.000 денари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП