1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуролинк Осигурување со нова веб понуда за осигурување на имот

Еуролинк Осигурување со нова веб понуда за осигурување на имот

tocka-70464

Еуролинк е едниствена осигурителна компанија која овозможува осигурување на домот преку интернет, 24/7

 

Еуролинк Осигурување започна со интернет продажба на имотни полиси преку својата интернет страница. Станува збор за полисите ДОМИ и ДОМИ + кои претставуваат збогатување на веќе постоечката понуда на интернет продавницата накомпанијата,со што на граѓаните во Македонија за прв пат ќе им биде овозможено купување полиси за осигурување на имотот преку интернет, од удобноста на својот дом.

 

Од декември 2012 година Еуролинк за првпат во Македонија започна со интернет продажба на патнички полиси, а од  денес тие ја збогатуваат нивната понуда со овие два нови продукти. Ваквата 24часовна поддршка за корисниците сé уште претставува единствена понуда на пазарот кај нас.

 

“Водени од досегашното позитивно искуство во интернет продажбата влеговме во втора фаза на овој проект и планираме да ја прошириме интернет понудата со сите видови осигурувања кои се потребни за комплетна сигурност на нашите клиенти.Наша трајна определба е континуирано следење на потребите на пазарот на осигурување и цениме дека потребата за купување преку интернет постојано ќе се зголемува и ќе стане неопходен сегмент од секојдневното модерно живеење – изјави Извршниот директор на Еуролинк Осигурување, Марија Томеска.

 

Услугата е-полиса e овозможена преку Веб страницата на Еуролинк. Процедурата на е-полиса е сигурна и брза, а плаќањето се одвива со платежни картички. По успешно извршената процедура на плаќање, на електронската адреса на купувачот пристигнува полисата за осигурување со што осигурувањето е склучено.

 

Е-полисите од Еуролинк Осигурување  се достапни  24 часа на нивната веб страница www.eurolink.com.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП