28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Нема основа за нови преговори за Брегзит

ЕУ: Нема основа за нови преговори за Брегзит

Европската унија соопшти дека нема основа за продолжување на преговорите за Брегзит.

Велика Британија продолжува да инсистира на измени во договорот кој го постигна поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј.

Преговарачите на ЕУ им порачаа на европските дипломати дека промените кои ги предлага новата влада на Велика Британија, како што е делот со Ирска, се неприфатливи, објави BBC.

Од друга страна, Downing Street ги отфрла тврдењата дека сака разговорите да пропаднат за да се овозможи Брегзит без договор.

Портпаролот на британската влада изјави дека се надеваат дека ЕУ повторно ќе ги преиспита промените.

Како што изјави, ЕУ треба да го промени својот став, бидејќи договорот на Тереза ​​Меј нема да биде донесен во британскиот парламент во оваа форма.

”Ќе се фрлиме на преговори со голема енергија и дух на пријателство и се надеваме дека ЕУ ќе го преиспита сегашното одбивање да направи било какви  промени во договорот за повлекување“, изјави портпаролот.

Договорот што Меј го постигна со ЕУ трипати е одбиен во парламентот.

Новиот британски премиер Борис Џонсон вети дека ќе го ”стори тоа или ќе умре“, односно да ја изнесе Велика Британија од ЕУ до 31 октомври, со или без договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП