4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ја обвини Кина за манипулирање со курсот на јуанот

Трамп ја обвини Кина за манипулирање со курсот на јуанот

Претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, ја обвини денес Кина дека манипулира со својата валута.

Трамп реагираше откако официјален Пекинг дозволи јуанот да падне на најниско ниво во однос на доларот во изминатите 11 години.

”Кина ја намали вредностa на својата валута речиси на историски минимум. Тоа се нарекува ”манипулација со валутата“. Слушате ли, Федерални резерви? Ова е голем прекршок кој со текот на времето многу ќе ја ослабне Кина”, напиша Трамп на Твитер.

Остриот пад на јуанот од 1,4 проценти дојде откако Народната банка на Кина (PBOC) го утврди официјалниот среден курс на јуанот на 6,99225 јуани за долар, што е негово најслабо ниво од декември 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП