28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо кое време од денот треба да размислувате?

Во кое време од денот треба да размислувате?

”Темниот дел од денот“ е идеален за размислување, вели една античка грчка мудрост.

”Ноќта има некоја чудна моќ“, вели еден стар и познат стих.

И навистина, кога ќе се смири градската врева и кога има помалку бучава, може да се размислува на мир.

Интересно е што до истиот заклучок дошле и жителите на античка Грција, иако на нив, барем денес така изгледа, животот им бил помирен и помалку бучав отколку што е денес. Иако, кој знае, можеби и не…

Претежно:

”Ако нешто сакате да направите паметно, тогаш за тоа размислете во текот на ноќта“.

Овој заклучок се припишува на Питагора (570 п.н.е. – 495 п.н.е.) антички филозоф и математичар. И денес секое дете на училиште ја учи Питагорина теорема, а интересно е да се слушнат и неговите мисли кои не се поврзани само за математички формули.

Можеби и познатата Питагорина теорема ја размислувал баш во текот на некоја ноќ…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП