22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкави се просечните плати во регионот

Колкави се просечните плати во регионот

Просечната плата во Хрватска во јуни месец била 886,92 евра, во Црна Гора 516 евра, во Босна и Херцеговина во мај изнесувала 472,88 евра, а во Србија 470,64 евра.

Највисока просечна нето плата од бившите југословенски држави има Словенија, која во мај изнесувала 1.113,88 евра. Просечната плата за мај годинава во Словенија оваа година е номинално поголема за 3,4 проценти, а реално за два проценти во однос на истиот период од минатата година.

Кај нас Државниот завод за статистика за мај измери просечна месечна нето плата во износ од 25.270 денари или околу 410 евра, што е убедливо најниска споредено со земјите од поранешна Југославија.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП