20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно изгаснат пожарот во зградата „папагал“, повредени нема

Целосно изгаснат пожарот во зградата „папагал“, повредени нема

Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Од Противпожарната единица на Град Скопје за МИА информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.

Повредени нема. Изгорен е станот во кој избувна пожарот, а неколку соседни станови се оштетени.

Спред првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП