4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕMarataba – луксузен сафари хотел

Marataba – луксузен сафари хотел

mar1

Оние кои сакаат да уживаат во убавините на дивата Африка, а притоа да ја избегнат нечистотијата што доаѓа со сафари-авантурата, имаат можност да отседнат во прекрасниот хотел „Marataba“ во Јужна Африка, сместен во националниот парк Маракеле во областа Лимпопо.

„Marataba“ всушност е комплекс од дванаесет огромни луксузни шатори изградени од камен, дрво и платно, во кои ентериерот е декориран така што целосно го доловува духот на дивата околина во која што се наоѓа.

На секој од нив има тераса на која што гостите можат да се сместат во удобните фотелји и да уживаат во спектакуларната глетка на реки, долини и планини.

Покрај тоа, хотелот нуди можност и за разладување во базенот, кој се наоѓа во неговиот двор. Таму гостите можат да ја добијат и традиционалната африканска вечера, доколку не сакаат на јадат на терасите.

mar2

mar3

mar4

mar5

mar6

mar7

mar8

mar9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП