11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмбасадорот на Кина во Обединети Нации: Ако САД сака борба, ќе се...

Амбасадорот на Кина во Обединети Нации: Ако САД сака борба, ќе се бориме

Новиот кинески амбасадор во Обединети Нации, Жанг Јун, изјави дека Пекинг е подготвен да разговара со американската администрација за трговскиот спор, но исто така порача – „ако тие сакаат да се борат и ние ќе се бориме“ – не само за Кина, туку и за отворената светска економија.

Тој пред мала група на новинари изјави дека американските санкции и зголемувањето на тарифите штетат на Кина и светот и дека дефинитивно не се „во долгорочен интерес на САД“, каде американските потрошувачи ќе платат повисока цена.

Жанг изјави дека санкциите против Северна Кореја треба да се ублажат во „соодветно време“ за да се поттикне напредок во разговорите помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг, објави AP.

Исто така, истакна дека Кина никогаш нема да дозволи мешање кога станува збор за Синјанг, Тибет и Хонгконг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП