25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА2-ри Август- Денот на Републиката

2-ри Август- Денот на Републиката

Денот на Републиката е голем државен празник на Република Македонија. Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија—според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум, и со кои се удрени темелите на македонската државност:

-Илинденското востание од 1903 година кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманската империја, и во текот на кое била прогласена република, и

-Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Лајтмотивот на сите чествувања по повод празникот Денот на Републиката  е „Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“, кој е инспириран од Крушевскиот манифест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП