5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ не е подготвена за нови преговори за Брегзит

ЕУ не е подготвена за нови преговори за Брегзит

ЕУ му порача на новиот британски советник за Европа, Дејвид Фрост, дека не е подготвена повторно да преговара за Брегзит.

Како што изјави денес портпаролката на Европската комисија (ЕК), Мина Андреева, ”двете страни ги повторија своите ставови“.

Фрост вчера имаше состанок со претставници на ЕК кои водеа преговори во име на земјите членки на ЕУ.

Британскиот премиер Борис Џонсон ја приближи Британија до излегувањето од ЕУ без договор инсистирајќи дека не сака да разговара со лидерите на Унијата, ако не се согласат да ги отворат преговорите за постојниот договор за напуштање.

Андреева изјави дека британскиот премиер и претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер ќе имаат ”можност да разговараат“ за Брегзит во Франција од 24-26 август, на маргините на самитот на Г7.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП