15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПред банкарите беа презентирани можностите од Законот за практиканство

Пред банкарите беа презентирани можностите од Законот за практиканство

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и преставници од министерството денеска имаа работен состанок со членовите на Македонската банкарска асоцијација. На состанокот пред банкарите беше презентиран новиот Закон за практиканство којшто е на сила од крајот на минатата година и можноста за негова примена во банкарскиот сектор.

„На иницијатива на стопанските комори направивме законска рамка со којашто се дава простор компаниите да ангажираат невработени лица на практична работа. На овој начин ја зголемуваме вработливоста на младите лица, но и можноста за избор на квалитетен кадар“ рече министерката Царовска на состанокот.

„Законот дава можност за опфаќаме и на среднистите за дел од работните места со коишто во моментот банкарскиот сектор се соочува со недостиг како што е ИТ кадарот“, рече претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Стевкова Штериева.

Со Законот за практиканство се дава можност за работно ангажирање на сите лица коишто не се во работен однос, а имаат завршено најмалку основно образование и се на возраст до 34 години. Законот овозможува платена практична работа во траење од 6 месеци. Во првите три практикантите добиваат добива надосместок од околу 5.000 денари, а во следните три месеци надоместокот е во висина на минимална плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП