18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на цената на храната продолжува

Падот на цената на храната продолжува

Светските цени на храната паднаа во јули веќе втор месец по ред, по петмесечниот раст, објави денеска Агенцијата Обединети нации за храна и земјоделство (FAO).

Ова се должи на падот на цените на некои житарки, млечни производи и шеќери, се вели во соопштението на Агенцијата на Обединети нации.

Ценовниот индекс FAO, кој мери месечни промени на цените за кошница производи (житарици, маслодајни производи, млечни производи, месо и шекер), изнесуваше во просек 170,9 поени во јули со најниско ревидирано јунско ниво од 172,7 поени, објави Reuters.

Претходниот податок за јуни беше 173 поени.

FAO денес не ги ажурираше своите прогнози за светското производство на житни култури, а наредната проценка ќе биде објавена на 5 септември.

Индексот на цени на житни култури FAO падна за 2,7 проценти во јуни поради пониските цени на пченицата и пченката, но сепак е повисок за 4,1 процент од нивото во јули минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП