5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден пад на продажбата на пиво во Германија

Рекорден пад на продажбата на пиво во Германија

Продажбата на пиво во Германија падна во првата половина од годината на 4,6 милијарди литри, што е најмалку во модерното време, соопшти Федералниот завод за статистика.

Производителите на пиво веруваат дека падот на продажбата за 2,7 проценти во однос на истиот период минатата година беше резултат на постудениот мај и зголемената продажба во јуни минатата година, на почетокот на Светското фудбалско првенство.

Пивата, измешани со освежителни пијалоци, кои сочинуваат пет проценти од вкупната продажба, забележале малку помал пад од 1,5 проценти.

Во статистиката не се вклучени сите популарни безалкохолни пива, објави DPA.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП