21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина се обврзала да купува повеќе храна од Америка

Кина се обврзала да купува повеќе храна од Америка

Кина, која преговара за трговски договор со САД, се обрзала дека ќе купи повеќе американски земјоделски производи, објави Белата куќа.

Официјален Вашингтон тоа го објави по дводневните билатерални разговори одржани во Шангај.

”Кинеската страна ја потврди својата заложба да го зголеми купувањето на земјоделски производи од САД“, се вели во соопштението и додавајќи дека дводневните разговори биле ”конструктивни“.

Преговарачите разговараа за чувствителните прашања како што е присилниот трансфер на технологија, правата на интелектуална сопственост и нетарифните бариери, додаде Белата куќа наведувајќи дека новата рунда преговори би требало да биде одржана во септември во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП