7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска го укинува данокот на доход

Полска го укинува данокот на доход

Поради големиот број на луѓе кои се иселуваат надвор од земјата, особено младите, полските власти одлучија дека промените во даночната политика ќе ги мотивираат да останат во својата татковина, објави CNN.

Во текот на оваа недела ќе започне спроведувањето на законот што ќе го укине данокот на доход за скоро два милиони млади работници. На овој начин, властите се обидуваат да го запрат масовното иселување на младите луѓе кое започна пред 15 години кога земјата стана членка на Европската унија.

Премиерот Матеуш Моравиецки тврди дека овој потег ќе создаде нови можности за младите кои се моментално достапни на Западот.

На полјаците кои заработуваат повеќе од 20 000 евра годишно, од 1 август годинава нема дa им наплаќаат данок на добивка кој изнесува 18 проценти. Многумина годишно заработуваат по 15 000 евра.

Премиерот Моравиецки потсети дека оваа централноевропска земја во изминатите 15 години ја напуштиле 1,7 милиони луѓе што е еднакво на населението на цела Варшава, наведува CNN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП